Наскоро на rata.mk

Секој месец, платено.

Рата ги наплаќа месечните плаќања од картичка, сама, на денот што ќе го одберете. Без пликови, без потсетување во групата, без тетратка.

За фудбалски школи

Ќе ви пишеме само кога ќе има место за вас.

Зошто Рата

Наплатата не треба да ви биде втора работа.

Ако секој месец наплаќате од истите луѓе, знаете колку време оди на прашување кој платил. Рата го прави тоа наместо вас.

Денес

  • Пари во плик и уплатници со име во целта на дознаката
  • Тетратка или табела што ја води само еден човек
  • Непријатни пораки во групата и на врата
  • Доцнења што ги забележувате кога веќе се натрупале

Со Рата

  • Картичката се внесува еднаш, наплатата оди сама секој месец
  • Една листа што секогаш покажува кој платил
  • Учтиви потсетници во ваше име, без да прашувате вие
  • Нов обид кога картичката не поминува, во деновите по плата

За кого

За секој што секој месец наплаќа од истите луѓе.

Ист износ, ист ден, луѓе што веќе ги познавате. Различно се вика, ист проблем е.

Како работи

Три чекори. Потоа само гледате.

01

Внесете ги вашите луѓе

Префрлете ја листата од Excel или додадете ги рачно. За секого: колку и кој ден во месецот.

02

Тие ја внесуваат картичката еднаш

Секој добива линк на Viber. Картичката се внесува на страницата на банката, па бројот никогаш не стигнува до вас или до нас.

03

Рата наплаќа секој месец

На денот што го одбравте. Ако картичката не помине, нов обид по плата. Парите легнуваат директно на вашата сметка, во денари.

Пораките

Вашите луѓе добиваат порака од вас, не од нас.

Секоја порака почнува со името на вашата школа, теретана или зграда. Рата е само мал потпис на дното. Луѓето ви веруваат вам, и така треба да остане.

Кога сè е во ред, една кратка потврда. Кога нешто не е, една јасна порака со линк за плаќање. Никакво досадување.

Пораките стигнуваат на Viber, а каде што нема Viber, преку SMS.

Вашата листа

Кој платил, на еден поглед.

Секој член има свое тркалце: годината прочитана како часовник, по едно парче за секој месец. Полно значи платено.

Ноември · група U1060 деца · наплата на 5-ти
82.500 од 90.000 ден. наплатено

Пример со измислени имиња и бројки. Школската година почнува во септември, па тркалцето почнува таму.

Што добивате

Сè што треба за наплата, ништо што не треба.

Нов обид по плата

Ако картичката е празна, Рата пробува повторно во деновите кога обично легнува плата, без вие да мрднете прст.

Потсетник пред наплата

Неколку дена пред наплатата, секој добива кратка порака колку и кога. Нема изненадувања на изводот.

И кешот е на листата

Кој плаќа во готово, го бележите со еден клик. Листата останува точна, без двојно водење.

Плаќање со линк или QR

За доцнење или еднократна уплата: линк во порака или QR на огласната табла. Плаќањето трае помалку од минута.

Извештај за сметководителот

На крајот на месецот, една табела со сите уплати. Ја праќате како што е, без препишување.

Македонска банка, денари

Наплатата оди преку македонска банка и парите легнуваат на вашата сметка. Рата никогаш не ги држи вашите пари.

Што доаѓа

Прво сигурна наплата. Потоа сè околу неа.

Прво

Наплата што не застанува

  • Наплата од картичка секој месец
  • Нови обиди и потсетници на Viber
  • Кеш и уплатници на истата листа
  • Плаќање со линк и QR
  • Месечен извештај за сметководителот
Потоа

Цени по ваша мерка

  • Сезони и паузи за летото
  • Попусти за браќа и сестри
  • Еднократни трошоци: опрема, кампови, екскурзии
  • Наплата на рати за курсеви
Подоцна

Вашето место на интернет

  • Јавна страница и онлајн запишување
  • Пораки до сите или до една група
  • Присуство на тренинг од телефон

Редоследот го прилагодуваме според првите корисници. Ако нешто ви е важно, напишете ни кога ќе се пријавите.

Прашања

Пред да прашате.

Дали парите поминуваат преку Рата?

Не. Наплатата оди преку македонска банка, а парите легнуваат директно на вашата сметка, во денари. Рата ја води листата, пораките и новите обиди.

Дали е безбедно за моите луѓе?

Бројот на картичката се внесува на страницата за плаќање на банката. Рата не го гледа и не го чува, ниту пак вие.

Што ако некој плаќа во кеш или нема картичка?

Го бележите плаќањето рачно и листата останува точна. Никого не морате да префрлите на картичка.

Што ако на картичката нема пари?

Рата пробува повторно во деновите по плата и му праќа на платачот една јасна порака со линк за плаќање. Вие гледате кој доцни, без да прашувате.

Колку ќе чини?

Цената ја објавуваме пред лансирањето. Тие што се на листата ќе ја дознаат први.

Кога почнува?

Рата ја подготвуваме со првите бизниси. Пријавете се и ќе ви пишеме кога ќе има место за вас.

Бидете меѓу првите.

Оставете е-пошта или Viber број и кажете ни што водите. Ќе ви се јавиме кога Рата ќе биде подготвена за вас.